• недела, 22 декември 2024

Фон дер Лајен вети 10 милијарди евра помош од ЕУ за регионите погодени од поплавите

Фон дер Лајен вети 10 милијарди евра помош од ЕУ за регионите погодени од поплавите

Варшава, 19 септември 2024 (МИА) – Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен вети милијарди евра помош од ЕУ за регионите погодени од тешките поплави што ја зафатија Централна и Источна Европа во последните денови.

За време на посетата на полскиот град Вроцлав, Фон Дер Лајен рече дека првично може да се обезбедат 10 милијарди евра (11,1 милијарди долари) од таканаречените кохезиони фондови, една од најголемите делови во буџетот на ЕУ.

Кохезиониот фонд на ЕУ има за цел „да ги намали економските и социјалните разлики и да промовира одржлив развој“, според Комисијата.

Вообичаено, земјите-членки на ЕУ треба да придонесат во фондот доколку сакаат да имаат корист од него.

Сепак, земјите-членки на ЕУ погодени од поплавите ќе бидат изземени од тоа правило.

- Ова се вонредни времиња, а во вонредни времиња требаат вонредни мерки, рече Фон дер Лајен.

Во Полска таа се сретна со полскиот премиер Доналд Туск, чешкиот премиер Петр Фиала, неговиот словачки колега Роберт Фицо и австрискиот канцелар Карл Нехамер, пренесе ДПА.

Нивните земји беа погодени од силни поплави, а неколку луѓе загинаа.

Туск и се заблагодари на фон дер Лајен за брзата и небирократска помош.

- Ни требаа точно 45 минути за да се договориме за нашите очекувања и да добиеме задоволителни објаснувања од Европската комисија, рече тој. јт/

Фото: ДПА

Остани поврзан