• понеделник, 28 октомври 2024

Флик издвои еден играч по победата над Реал

Флик издвои еден играч по победата над Реал

Мадрид, 27 октомври 2024 (МИА) - Тренерот на Барселона, Ханси Флик, го истакна придонесот на дефанзивецот Иниго Мартинез во победата над Реал Мадрид.

Каталонците синоќа во 11. коло од Шпанското фудбалско првенство славеа победа со убедливи 4:0 на гостински терен.

-Одбраната беше навистина добра против Реал Мадрид, како и остатокот од тимот, но не заборавајте еден играч... Тој играч е Иниго Мартинез. Повторно беше одличен, изјави Флик за „AS“.

Барселона со 30 бода се зацврсти на лидерската позиција во шпанското фудбалско првенство. Реал Мадрид е на второто место со 24 бодови. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан