• петок, 05 јули 2024

Фифти Сент ги опцу наградите Еми

Фифти Сент ги опцу наградите Еми
Лос Анџелес, 6 август 2020 (МИА) - Американскиoт рапер и продуцент Фифти Сент во објава на Инстаграм, отворено го опцу жирито на Американските телевизиски награди Еми. „В ред, Еми, вака да ви кажам... Мојот црн г** е тука доколку сакате да го бакнете. Да ви ја е**м организацијата, ме интересираат само наградите од Националната асоцијација за развој на расните малцинства (НААЦП)“, како што напиша тој. Очевидно, незадоволството на Фифти Сент е предизвикано од тоа што ТВ-серијата „Моќ“ (Power), којашто тој ја продуцира и глуми во неа, не е меѓу номинираните за наградите Еми. Серијата траеше од 2014 година, а заврши оваа 2020 година. Последната сезона има 11 номинации за НААЦП-наградите. Фифти Сент, инаку, е познат по своите конфликти и расправии со луѓе од американската сцена, па и свои колеги рапери. си/

Остани поврзан