• петок, 22 ноември 2024

ФИФА ја одби жалбата на Овермарс

ФИФА ја одби жалбата на Овермарс

 

Хаг, 7 февруари 2024 (МИА) – Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) ја одби жалбата која поранешниот холандски репрезентативец ја поднесе за изречената едногодишна суспензија од извршување какви и да е функции во професионалниот фудбал, пренесува денеска лондонски Тајмс.

„Добивме порака од две реченици. Во првата реченица се наведува дека жалбата е одбиена. Втората реченица вели дека трошоците ќе ги намири самиот Овермарс. Сега мораме да бараме објаснување преку порталот на ФИФА. Минатиот пат тоа одзеде многу време“, изјави адвокатот на Овермарс, Френк Нервот.

Холандскиот спортски суд (ИСР) одлучи во ноември лани да му забрани на Овермарс функции во холандскиот фудбал на период од две години, од кои една условно, а Фудбалската федерација на Холандија во јануари ја прифати оваа одлука и на поранешниот репрезентативец му изрече едногодишна суспензија.

Легендарниот холандски фудбалер од мај 2012 година ја извршување должноста спортски директор на Ајакс, но во март 2022 година беше принуден да замине од гигантот од Амстердам, откако беше обелоденето дека непримерно се однесувал кон своите колешки на кои им испраќал непристојни телефонски пораки. ег ФОТО: Икс

Остани поврзан