• вторник, 09 јули 2024

Финале на националните натпревари МОС и АСП

Финале на националните натпревари МОС и АСП

Скопје, 22 јуни 2023 (МИА) - Во просториите на „Семос едукација“ денеска ќе се одржи финалето на националните натпревари „Microsoft office specialist (MOS)“ и „Adobe certified professional (ACP)“, на кои ќе учествуваат ученици од средните училишта во Скопје и Куманово.

- Националните натпревари се одржуваат во рамките на проектот за унапредување на дигиталната писменост на младите на возраст од 13 до 22 години во земјава, кои по седми пат ги организира „Certiadria“.  Победниците на националниот натпревар ќе ја претставуваат Македонија на светските првенства МОС и АСП што ќе се одржат во Орландо, Флорида, САД. Натпреварите се поддржани од спонзорите Град Скопје, „Стопанска банка“ и Општина Куманово, информираат од „Семос едукација“.

Предвидени се обраќања на градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, генералниот директор на „Семос едукација“, Валентина Тасева, претставници на раководството на „Стопанска банка“ и на Општина Куманово. бд/дма/

Фото: ЕПА

Остани поврзан