• недела, 16 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Филков: Ова не е само трагедија – ова е аларм што бара одговорност

Филков: Ова не е само трагедија – ова е аларм што бара одговорност

Скопје, 16 март 2025 (МИА) - Министерот за правда Игор Филков изрази сочувство за десетиците млади животи кои загинаа во пожар во дискотека во Кочани и најави одговорност за сите инволвирани во оваа трагедија.

-Десетици млади животи згаснаа во пожар што никогаш не смееше да се случи. Ова не е само трагедија – ова е аларм што бара одговорност!
Нема зборови за оваа болка… но мора да има правда! Секој што потфрлил – ќе одговара! Ова не смее да се повтори никогаш повеќе!
Нека почиваат во мир овие млади души, наведува министерот за правда Игор Филков. вг/

Фото: МИА Архива
 

Остани поврзан