• вторник, 29 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Фидан: Во тек се подготовки за средба меѓу Ердоган и Трамп

Фидан: Во тек се подготовки за средба меѓу Ердоган и Трамп

Анталија, 14 април 2025 (МИА) - Турскиот министер за надворешни работи изјави дека во тек се подготовки за состанок помеѓу турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и американскиот претседател Доналд Трамп, јавува Анадолија.

- Работиме на тоа да утврдиме дали средбата ќе се одржи во САД или во Турција, изјави министерот Хакан Фидан пред новинарите на дипломатскиот форум во Анталија, турски туристички центар. ссм/

фото: архива

Остани поврзан