• вторник, 05 ноември 2024

Фејсбук ја укинува можноста за СМС-пораки преку „ФБ-месинџер“

Фејсбук ја укинува можноста за СМС-пораки преку „ФБ-месинџер“

Лос Анџелес, 9 август 2023 (МИА) - Фејсбук во 2016 година воведе можност за праќање и примање СМС-пораки преку апликацијата „Фејсбук-месинџер“, но оваа можност наскоро ќе биде укината.

Според информациите достапни на страницата на Центарот за помош на Фејсбук, оваа услуга веќе нема да достапна по надградувањето на апликацијата на 28 септември.

Фејсбук ги советува корисниците на паметните телефони со „Андроид“ да се префрлат на апликацијата „Гугл месиџес“ или на „фабричката опција“ за пораки.  си/

Фото: МИА архива.

Остани поврзан