• понеделник, 28 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Фетаи се сретна со белгиската сенаторка Теителбаум

Фетаи се сретна со белгиската сенаторка Теителбаум

Скопје, 2 април 2025 (МИА) - Заменик-претседателот на Владата задолжен за политики за добро владеење, Арбен Фетаи, денеска во Сараево се сретна со белгиската сенаторка Вивијан Теителбаум, членка на Сојузниот советодавен комитет за европски прашања.

Кабиентот на Фетаи соопшти дека тој и Теителбаум разговарале за европските перспективи на Западен Балкан и неопходноста од забрзување на овој процес.

Фетаи ја информирал Теителбаум за реформите што Северна Македонија ги спроведува во рамките на Агендата за реформи, како дел од Планот за раст на ЕУ за Западен Балкан, со посебен фокус на зајакнувањето на владеењето на правото и реформата на јавната администрација.

- Белгија останува силен поддржувач на проширувањето на ЕУ и на нашите напори за интеграција во европското семејство“, истакнал Фетаи за време на средбата.

Во име на Владата, тој изразил  благодарност до сенаторката Теителбаум за солидарноста што Белгија ја покажа по трагедијата во Кочани, прифаќајќи четворица повредени пациенти на лекување во белгиските болници.

- Овој чин на хуманост и поддршка е доказ за силните врски меѓу нашите две земји, истакнал Фетаи.са/

Фото: кабинет на Арбен Фетаи 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан