• понеделник, 25 ноември 2024

Фетаи: Повеќе нема дилеми дека балканските земји треба да се зачленат во ЕУ

Фетаи: Повеќе нема дилеми дека балканските земји треба да се зачленат во ЕУ

Скопје, 8 ноември 2024 (МИА) - Во Европската Унија повеќе нема ниедна дилема дека земјите од Западен Балкан треба да станат членки на ЕУ. Ова е став на европратеникот и известувачот за Северна Македонија во Еврпопскиот парламент, Томас Ваитз, искажан на средбата во Брисел со вицепремиерот  задолжен за политики на добро владеење, Арбен Фетаи, информираат од неговиот кабинет.

Известувачот Ваитз рекол дека Северна Македонија треба да го искористи моментот создаден поради руската агресија против Украина и да направи се што е во нејзина моќ да ги отвори преговорите со цел брзо членство во ЕУ. Тој ветил дека ќе направи се што е во негова моќ и на Европскиот парламент да го оствари ова заедничка цел.

Вицепремиерот Фетаи го информирал Ваитз за активностите на Владата за спроведување на реформската агенда, особено во делот на владеење на правото и борбата против корупцијата. Фетаи ја истакнал и важноста за изградба на Коридорот 8 како безбедносен проект и за справување со еколошките предизвици.

Тој изразил загриженост за руското влијание врз информативниот простор на Северна Македонија, кое треба да се третира како сериозно прашање за националната безбедност. сст/дма/

Фото; кабинет на вицепремиерот Арбен Фетаи

 

Остани поврзан