Во Делчево промовирано изданието „Писма на Љубомир Милетич до Афанасиј М. Селишчев (историја на една мистификација)“
- Во Делчево вечерва одржана промоција на изданието „Писма на Љубомир Милетич до Афанасиј М. Селишчев (историја на една мистификација)“ од д-р Бранислав Светозаревиќ и Драган Јаќоски. Во делото авторите откриваат неоткриени факти за „научната“ борба за македонскиот идентитет демистификација на работата на познатиот руски славист Афанасиј Метвеевич Селишчев од која како што истакнаа пред присутните сè уште има рефлексии.

Делчево, 10 април 2025 (МИА) - Во Делчево вечерва одржана промоција на изданието „Писма на Љубомир Милетич до Афанасиј М. Селишчев (историја на една мистификација)“ од д-р Бранислав Светозаревиќ и Драган Јаќоски. Во делото авторите откриваат неоткриени факти за „научната“ борба за македонскиот идентитет демистификација на работата на познатиот руски славист Афанасиј Метвеевич Селишчев од која како што истакнаа пред присутните сè уште има рефлексии.
-Ја претставиме најновата книга со колегата Драган Јаќоски и во мое име се заблагодарувам на оваа прекрасна средба со граѓаните на Делчево на која се претставувме со книгата која предизвикка голем интерес во Македонија и во странство. Ќе се потрудиме во таа насока да дадеме некои нови податоци и нови документи и сознанија кои се од интерес на нашата нација, нашиот народ и нашата држава, истакна авторот Светозаревиќ.
Тој ја потенцираше одличната соработка со дијаспората од која добиваат огромна поддршка за што плановите се следното дело да го промовираат токму пред иселениците од Швајцарија и Италија од каде имаат доста голема поддршка.
Како што истакна рецензентот д-р Димитар Пандев станува збор за публикација во која авторите велат дека се открива фалсификат на книга поврзана со македонскиот јазик.
-Афанасиј Метвеевич Селишчев е еден од најистакнатите лингвисти на 19 и 20 век кој го афирмира македонскиот јазик. Тој во тоа време не можел да објавува книги за славистиката, односно руските сависти првенствено објавувале во Бугарија. Оваа книга на Светозаревиќ и Јаќоски токму преку писмата што Милетич,претседателот на Бугарската академија и ректор на софискиот универзитет му ги праќал на Селишчев ја открива сета приказна на кој начин Милетич го убедувал Селишчев да ги менува констуркциите во својата книга и термините Словени да ги менува со Бугари и сл., потенцира Пандев, кој додаде дека оваа година се навршуават и 100 години од оние текстови на Селишчев во кои тој ја претставува македонската дијалектологија какко централна тема на Балканската лингвистика.
Настанот се одржа во организација во организација на НУЦК ,,Н.Ј.Вапцаров" Делчево и на Меѓународниот фестивал,,Јаков од Камена Река" Македонска Каменица, кои претходно за делчевските гимназијалци организираа историски час преку претставување на втората книга на Бранислав Светозаревиќ книгата ,,Македонци милениумски сведоштва за идентитеското име“. вс/дма/
Фото: МИА