• четврток, 02 јануари 2025

Фетаи на средба со уметници и вработени во Државниот ансамбл на песни и ора

Фетаи на средба со уметници и вработени во Државниот ансамбл на песни и ора

Скопје, 30 декември 2024 (МИА) - Вицепремиерот задолжен за добро владеење Арбен Фетаи и заменик-министерот за култура и туризам Седат Сулејмани денеска во Владата ги пречекаа вработените и уметниците од Државниот ансамбл на песни и ора за да го прослават решавањето на нивниот работен статус.

- Ова е важен момент кој не само што ги подобрува големите неправди, туку и претставува важен чекор во развојот и зајакнувањето на оваа важна институција на албанската култура, истакнал Фетаи на средбата. 

Како што информира владината прес-служба, вицепремиерот Фетаи изразил поддршка за уметниците и развојот на културата, додавајќи дека културата е национално богатство и дека ангажманот на Владата е непоколеблив во зајакнувањето на ансамблот, со цел зачувување на богатото културно наследство и создавање простор за нова енергија и иновативни идеи.

Фетаи им се заблагодарил на сите уметници и вработени кои со својот талент и посветеност ја одржуваат жива традицијата. 

- Да работиме заедно за иднина во која албанската култура ќе има централна улога во националниот идентитет и ќе инспирира генерациите кои доаѓаат, се вели во соопштението. мд/aa/

Фото: Влада 

Остани поврзан