• недела, 22 декември 2024

Фестивал на полски филм „Висла“ на МФФ Киненова

Фестивал на полски филм „Висла“ на МФФ Киненова

Скопје, 15 октомври 2023 (МИА) - Со проекција на филмот „Брижит Бардо, засекогаш“  во режија и по сценарио на Лех Мајевски, викендов почна претставувањето на полската кинематографија во рамките на фестивалот „Киненова“. 

Станува збор за второ издание на полскиот филмски фестивал „Висла“, кој во партнерство со МФФ „Киненова“ до 18 октомври во Скопје ќе ги прикаже и филмовите: „Опасни Господа“ во режија на Мачеј Кавалски, „Под површината“ во режија на Јацек Блавут и „25 години невиност: Случајот на Томек Коменда“ во режија на Јан Холубек.

-Целта на фестивалот „Висла“ е да ја претстави полската култура во странство и да ја промовира полската кинематографија, соопшти организаторот на фестивалот. хс/цр/

Фото: МФФ „Киненова“

Остани поврзан