• вторник, 05 ноември 2024

Фестивал на детски мјузикли

Фестивал на детски мјузикли

Скопје, 4 јуни 2024 (МИА) - Со „Приказната за генијалната Матилда“, вечер во кино „Фросина“ почнува Фестивалот на детски мјузикли. 

„Приказната за генијалната Матилда“ ќе биде изведена на македонски јазик од членовите на Студиото за детски и младински мјзуикли „Бродвеј Јуниор“ од Скопје. „Чудо“ (Miracle), „Кога ќе пораснам“ (When I Grow Up) и Деца на револтот“ (Revolting Children), се само некои од познатите песни во овој мјузикл.

Утре на сцената во „Фросина“ е „Кралот Лав“. Ќе ја изведат учениците од Интернационалното школо QSI во Скопје. Ова шоу, изведено на англиски јазик, ќе ја оживее африканската савана со незаборавните песни како „Circle of Life", „Hakuna Matata“, „Can You Feel the Love Tonight",...

Фестивалот го организира Детскиот културен центар - Карпош со поддршка на Град Скопје.

-Ова е уникатна можност да се видат на сцена омилените дизниеви филмови, каде раскошните мелодии се збогатени со раскошни костими. Мјузиклот, кој е сплет на сите уметности во едно, е реткост да се види на нашата сцена, особено кога децата настапуваат за деца. Веруваме дека овој фестивал ќе расте од година во година и ќе прерасне во меѓународен настан, вели директорката на Детскиот културен центар - Карпош Билјана Лалчевска Серафимовска. мч/аа/

фото: Детски културен центар - Карпош

 

 

 

  

Остани поврзан