• понеделник, 08 јули 2024

Фернандеш: Ја гледаме најдобрата верзија на Кристијано кога тој е критикуван

Фернандеш: Ја гледаме најдобрата верзија на Кристијано кога тој е критикуван
Доха, 25 ноември 2022 (МИА) - Португалскиот играч за врска Бруно Фернандеш го истакна одговорот на Кристијано Роналдо кој периодов е изложен на критики поради слабите игри во неговиот доскорешен клуб Манчестер јунајтед. - Мислам дека тој ужива да работи во средина каде што сите го критикуваат, затоа ве молам сите: продолжете. Го гледаме најдобро кога го критикувате. Да се ​​игра со Роналдо за клубот и за репрезентацијата е остварување на сонот, нешто посебно. Сега за мене главно е Португалија да се претстави што е можно подобро. Во овој случај Роналдо ќе биде среќен, и јас, и цела Португалија ќе биде среќна, изјави Фернандеш. Роналдо беше стрелец на првиот гол за Португалија на вчерашниот натпревар со Гана (3:2). зс/

Остани поврзан