• понеделник, 08 јули 2024

Фернандеш пред Ливерпул: Манчестер јунајтед мора да се опорави, сега е вистинско време да го направи тоа

Фернандеш пред Ливерпул: Манчестер јунајтед мора да се опорави, сега е вистинско време да го направи тоа
Манчестер, 22 август 2022 (МИА) - Фудбалерот од средниот ред на „Манчестер јунајтед, Бруно Фернандеш ги сподели своите очекувања за претстојниот натпревар од 3. коло на шампионатот на Англија против Ливерпул. - Ова им го кажав на многу луѓе, нема подобар натпревар за враќање од против веројатно најтешкиот противник што го имаме. Знаеме дека треба со нешто да им се оддолжиме на навивачите, минатата сезона беше тешка сезона, и почетокот на тековната сезона е тежок, но мора да се опоравиме. Сега е вистинското време, можеме да го направиме тоа вечерва, изјави Фернандеш, цитиран од прес-службата на Манчестер јунајтед. Португалскиот играч за врска е во Манчестер јунајтед од јануари 2020 година. Манчестер јунајтед нема освоено ниту еден бод оваа сезона во Премиер лигата, додека Ливерпул има два од можни шест бода. Натпреварот ќе започне вечер на „Олд Трафорд“ во 21 часот. зс/

Остани поврзан