• петок, 22 ноември 2024

Феликс сака да го напушти Атлетико, за него се заинтересирани ПСЖ и Баерн

Феликс сака да го напушти Атлетико, за него се заинтересирани ПСЖ и Баерн
Мадрид, 20 октомври 2022 (МИА) – Пари Сен-Жермен и Баерн се заинтересирани за Жоао Феликс, кој сака да го напушти Атлетико. Дваесет и двегодишниот фудбалер се надева дека ќе го напушти мадридскиот клуб во зимскиот преоден рок. Во случај заминувањето на Жоао да биде неизбежно, Атлетико претпочита да се раздели со него на крајот од сезоната. Можно е трансферот на Феликс да биде издаден во форма на закуп со обврска за откуп на лето. Според „As“, три клуба веќе покажале интерес за Феликс - ПСЖ, Баерн и еден англиски тим. ПСЖ веќе е во контакт со застапниците на Жоао за да изработи формула која ќе им овозможи на парижаните да го ангажираат напаѓачот претстојната зима. И покрај ова, трансферот нема да биде лесно остварлив бидејќи Атлетико очекува Феликс да блесне на Светското првенство во 2022 година со Португалија и се надева дека ситуацијата ќе стане поповолна за клубот. И ПСЖ и Баерн веќе се обидоа да го ангажираат Феликс во минатото, но Атлетико одби да преговара. Обесштетувањето за фудбалерот изнесува 350 милиони евра. Жоао не е во добри односи со тренерот на Атлетико, Диего Симеоне. По пауза за меѓународни натпревари, играчот на теренот мина само 37 минути во шест натпревари. зс/

Остани поврзан