• четврток, 27 јуни 2024

ФА ги поддржува играчите подготвени да клекнат: Ги молиме навивачите да го почитуваат секој што сака да го направи ова

ФА ги поддржува играчите подготвени да клекнат: Ги молиме навивачите да го почитуваат секој што сака да го направи ова
Лондон, 4 август 2021 (МИА) - Фудбалската асоцијација на Англија (ФА), Премиер лигата и другите лиги во земјата, антирасистичката организација „Kick it Out“ и други ги поддржаа играчите на Премиер лигата кои одлучија акцијата со клекнување на колено да ја продолжат. - Колективно ги поддржуваме сите играчи, тренери и сите останати кои сакаат да клекнат на колега за натпреварите оваа сезона. Нема простор за каква било форма на предрасуди во фудбалот или општеството, и иако фудбалот постигна напредок во оваа насока, неодамнешните настани потсетија дека има уште многу работа. Клекнувањето е индивидуален избор што многу играчи сакаат да го направат за мирно да се спротивстават на расизмот и неправдата. Овој гест на единство не е нов, и ние не го гледаме во врска со ниедна политичка организација или идеологија: напротив, како начин да се подигне свеста за ова важно прашање. Ги молиме навивачите да го почитуваат секој играч кој сака да клекне и да ја поддржи својата позиција во борбата против дискриминацијата, се вели во соопштението на ФА. зс/

Остани поврзан