• четврток, 27 јуни 2024

Атланта го избира Ризаше за прв пик на НБА драфтот во 2024 година

Атланта го избира Ризаше за прв пик на НБА драфтот во 2024 година

Бруклин, 27 јуни 2024 (МИА) - Атланта го избра францускиот кошаркар Закари Ризаше како прв пик на драфтот на НБА во 2024 година. 

Во сезоната 2023/24, 19-годишниот Французин настапи на 39 натпревари за Бурж, со просек од 11,0 поени, 4,5 скока и 0,9 асистенции.

Центарот на Перт, Алекс Сар беше избран за втор пик. Деветнаесетгодишниот Французин замина во Вашингтон. 

Во сезоната 2023/24, тој одигра 27 натпревари со просек од 9,4 поени, 4,3 скока и 0,9 асистенции.

Хјустон го избра Рид Шепард како трет пик. Дваесетгодишниот Американец беше член на Универзитетот Кентаки.

Драфтот во Бруклин за прв пат во историјата ќе трае два дена. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан