• петок, 28 јуни 2024

Конте: Де Лаурентис јасно стави до знаење дека Квича ќе остане во Наполи

Конте: Де Лаурентис јасно стави до знаење дека Квича ќе остане во Наполи

Неапол, 27 јуни 2024 (МИА) - Тренерот на Наполи, Антонио Конте го сподели своето мислење за иднината на играчот од средниот ред Квича Кварацхелија.

-Агентот и таткото мора да бидат агент и татко. Фудбалерот има договор, а тој е клучен играч за Наполи. Претседателот јасно стави до знаење дека Квича ќе остане. Де Лаурентис ми кажа дека и Ди Лоренцо и Кварацхелија ќе останат во клубот. Ова е апсолутно јасно, ги цитира новинарот Фабрицио Романо зборовите на Конте.

Кварацхелија сака да го напушти Наполи и да се приклучи на Пари Сен-Жермен кој ПСЖ понуди 100 милиони евра.

Претходно, таткото и агентот на Квича изјавија разгледуваат опција фудбалерот да го напушти Наполи.

Минатата сезона, 23-годишниот Кварацхелија одигра 45 натпревари за Наполи во сите натпреварувања, на кои постигна 11 гола и девет  асистенции. Неговиот договор со „наполитанците“ е до летото 2027 година. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан