• сабота, 05 октомври 2024

Фаучи: Бајден и Харис треба да се вакцинираат против Ковид-19

Фаучи: Бајден и Харис треба да се вакцинираат против Ковид-19
Вашингтон, 15 декември 2020 (МИА) - Директорот на американскиот Национален институт за алергија и заразни болести Ентони Фаучи денеска изјави дека новоизбраниот претседател Џо Бајден и новоизбраната потпретседателка Камала Харис треба што побрзо да се вакцинираат против новиот коронавирус. Тој исто така ги повика претседателот Доналд Трамп и потпретседателот Мајк Пенс да се вакцинирани. Во САД вчера почна имунизација со вакцината на компаниите Фајзер и Бионтек. Бројот на смртни случаи од последици од Ковид-19 во САД надмина 300.000. Од почетокот на епидемијата, во САД починале најмалку 300.267 луѓе, покажуваат податоци на универзитетот Џонс Хопкинс. Пријавени се над 16 милиони заразени, повеќе отколку во која било друга земја. ми/
vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан