• петок, 20 декември 2024

Фати ќе пропушти два до четири месеци поради оштетен менискус

Фати ќе пропушти два до четири месеци поради оштетен менискус
Барселона, 8 ноември 2020 (МИА) - Напаѓачот на Барселона, Ансу Фати ќе пропушти од 2 до 4 месеци поради оштетен менискус на левото колено, објави шпански „АС“. Според изворот, периодот на опоравување на 18-годишниот Шпанец зависи од тоа дали играчот ќе биде опериран. Доколку фудбалер ја одбие операцијата, ќе пропушти околу 6 недели, но изворот практично исклучува ваков развој на ситуацијата. Објавено е дека Фати најверојатно ќе се подложи на операција, по што играчот ќе може да се врати на терените во јануари-март 2021 година. Во сезоната 2020/21, Фати одигра 10 натпревари за Барселона, постигна пет гола и четири асистенции. зс/

Остани поврзан