• петок, 22 ноември 2024

У19: Македонските фудбалери во Скопје ги стартуваат евроквалификациите

У19: Македонските фудбалери во Скопје ги стартуваат евроквалификациите
Скопје, 15 ноември 2022 (МИА) - Македонската фудбалска репрезентација до 19 години од четврток до идната среда ќе биде домаќин на мини квалификациски турнир за пласман во елитната рунда од квалификациите за Европското првенство кое идната година ќе се одржи во Малта. Македонската репрезентација е во групата 10 заедно со селекциите на Србија, Норвешка и Сан Марино. Квалификациските мечеви во рамките на групата 10 ќе бидат одиграни на тренинг центарот „Петар Милошевски“ и на стадионот на Македонија Ѓ. П. Младата македонска селекција турнирот го отвора против Србија, на 17 ноември, на тренинг центарот „Петар Милошевски“, со почеток во 13 часот. Истиот ден, на стадионот на Македонија Ѓ.П., силите ќе ги одмерат Норвешка и Сан Марино. Во рамките на второто коло од мини квалификациите, на 20 ноември, избраниците на селекторот Неџат Шабани ќе играат против Норвешка (тренинг центар „Петар Милошевски“). Во вториот меч, Србија за противник ја има селекцијата на Сан Марино на стадионот на Македонија Ѓ.П. Двата натпревари ќе почнат во 13 часот. Во последното трето коло, кое е на програмата на 23 ноември, Македонија ќе игра против Сан Марино (тренинг центар „Петар Милошевски“). Во вториот меч ќе играат Србија и Норвешка (стадион на Македонија Ѓ.П.). Натпреварите ќе почнат во 13 часот. ег/сх/

Остани поврзан