• вторник, 24 декември 2024

Уште еден Кинез казнет зашто фрлил монети во мотор на авион

Уште еден Кинез казнет зашто фрлил монети во мотор на авион
Шангај, 3 јануари 2020 (МИА) - Кинески државјанин што по првпат решил да патува со авион, е казнет бидејќи фрлал метални парички во моторот на леталото на авиокомпанијата Лаки ер. Лу Чао (28) ќе треба да ѝ плати 17.800 долари на кинеската компанија. Момчето призна дека лани во февруари фрлал монети во моторот во авион на аеродромот Анквинг Тјанцушан во источна Кина. На суд се појавил во август потоа, а пресудата е изречена неодамна. Притоа, застапниците на Лаки ер тврдеа дека направената штета е поголема од 17.600 долари. Неретко се случува Кинез да фрли парички во моторот - „поради среќен лет“, односно поради суеверие. Лу во судскиот процес сепак истакна дека компанијата треба да ги предупредува патниците да не фрлаат метални парички во авионите. си/

Остани поврзан