Ученици од „Корчагин“ со свои ставови во Собранието – симулација на законодавен процес
- Во организација на Парламентарниот институт, денеска во републичкото Собрание ќе се одржи едукативната активност „Имам став!“, наменета за ученици од средните училишта.
Скопје, 9 октомври 2025 (МИА) - Во организација на Парламентарниот институт, денеска во републичкото Собрание ќе се одржи едукативната активност „Имам став!“, наменета за ученици од средните училишта.
На настанот ќе учествуваа ученици од СОУ „Раде Јовчевски Корчагин“ од Скопје, кои преку симулација на разгледување предлог-закон во рамките на Собранието на Република Северна Македонија, ќе имаат можност практично да се запознаат со начинот на кој се носат законите.
Целта на оваа активност е да ја доближи работата на Собранието до младата популација, што ќе придонесе за развивање на нивната свест за демократијата и ќе ги поттикне и подготви за општествена и политичка критичност и вклученост. дма/са/
Фото: МИА архива