УХМР: За викендот стабилно време, в понеделник повторно дожд
- За време на викендот времето ќе биде стабилно со мала до умерена облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Скопје, 24 јули 2026 (МИА) - За време на викендот времето ќе биде стабилно со мала до умерена облачност - информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Нови врнежи од дожд, проследени со локална нестабилност, се очекуваат в понеделник. На поединечни места ќе има услови за пороен дожд и грмежи.
Од вторник повторно следува период на стабилно и претежно сончево време, со постепен пораст на дневните температури. дма/вј/
Фото: МИА архива