ВМРО-ДПМНЕ: СДС повторно шири паника, лани за пожарите, годинава за загаденоста на водата
- РЕАКЦИЈА НА СДСМ
24 јули 2026
СДС се жив доказ дека се способни да го пробијат моралното дно, да користат случаи кои ги загрижуваат граѓаните, само за свој личен интерес, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ, што МИА ја пренесува интегрално.
Во тој контекст се и нивните обиди од изминатите дена, со ширење лаги да креираат хистерија која предизвикува страв и несигурност кај граѓаните.
Очигледно е дека треба да се внимава на информациите кои ги пласира СДС, лани ширеа хистерија околу пожарите, а оваа година се обидуваат да создадат паника за загаденоста на водата, пласирајќи стар извештај за водата во Велес како да е актуелен.
СДС повторно се служи со манипулации и дезинформации за да ќари политички поени на сметка на стравот кај граѓаните.
Извештајот што го пласираат е стар година и пол, од февруари 2025 година, и се однесува на село Сливник во општина Велес, населено место кое не е поврзано со градскиот водовод. Наместо факти, СДС свесно шири застарени информации за да предизвика вознемиреност кај јавноста.
Толку се очајни што не се двоумат да ја злоупотребуваат темата за здравјето на граѓаните за дневнополитички цели.
Намерното ширење паника и дезинформации е крајно неодговорно однесување и не смее да стане средство за собирање политички поени.
Граѓаните препознаваат дека ваквите обиди се резултат на очајот на СДС поради нивниот пад на довербата и рејтингот.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ