• недела, 26 јули 2026

СДСМ: Орце со дрон од воздух ќе го спасува Вардар

СДСМ: Орце со дрон од воздух ќе го спасува Вардар

24 јули 2026 

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денеска соопшти дека за детектирање на белата пена во Лепенец пуштил дрон. Човекот што не може да направи билборд без грешка, сега со дрон од воздух ќе го открие загадувањето на Лепенец и Вардар, се наведува во соопштението од СДСМ, што МИА го преенсува интегрално. 

Прво вештачка интелигенција за билборд.

Сега дрон, за пена во река.

Додека граѓаните во пет града не смеат да ја пијат водата, а во Скопје тече синтетичка пена, власта и градоначалникот се натпреваруваат кој ќе употреби поскапа играчка.

Можеби следно ќе лансираат сателит.

Или ќе ја ангажираат НАСА да ја напише стратегијата за чисти реки.

Проблемот не е во технологијата. Проблемот е во тоа што овие луѓе не знаат ни основни работи да завршат, а глумат дека ќе решат еколошка катастрофа.

СДСМ
Центар за комуникации со јавност