Утре осум часа без струја Дебар, Центар Жупа и подрачјето на Река
- Утре во периодот од 9 до 17 часот без напојувањето со електрична енергија ќе останат сите потрошувачи на целото дебарско конзумно подрачје.
Дебар, 6 ноември 2023 (МИА) - Утре во периодот од 9 до 17 часот без напојувањето со електрична енергија ќе останат сите потрошувачи на целото дебарско конзумно подрачје.
Како што информираа од Регионалниот центар за управување со кризи-Дебар, прекинот е поради одредени активности во хидроелектраната „Шпиље“ кај Дебар.
-Поради сервисирање во ХЕ „Шпиље“ од страна на екипите на ЕСМ, без приклучок на електрична енергија на 07.11.2023 година (вторник) од 09 до 17 часот ќе останат сите потрошувачи од општините Дебар, Маврово Ростуше (подрачјето на Река) и Центар Жупа, велат од РЦУК-Дебар.
Дебарското конзумно подрачје, ги опфаќа општините Дебар, Центар Жупа и подрачјето на Река, општина Маврово и Ростуше, каде во целина има повеќе од дванаесет илјади потрошувачи. вт/дма/
Фото: МИА