• недела, 26 јули 2026

Утре од 4 до 6 часот трето авионско прскање против комарци во Крива Паланка

Утре од 4 до 6 часот трето авионско прскање против комарци во Крива Паланка

Крива Паланка, 16 јули 2026 (МИА) - Општина Крива Паланка информира дека утре, во периодот од 4 до 6 часот наутро, ќе се реализира третото авионско прскање против комарци на целото подрачје на општината.

Од локалната самоуправа апелираат до граѓаните во наведениот временски период да избегнуваат непотребно задржување на отворен простор, а пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелните семејства, согласно препораките што важат при авионско третирање.

-Доколку временските услови не се поволни за реализација на планираното аеро-запрашување, истото ќе биде одложено и ќе се изврши во првиот нареден поволен термин, посочуваат од општината.

Покрај претходните две прскања против комарци во јуни, на подрачјето на општина Крива Паланка е спроведено и терестичко прскање за заштита од инсекти. иб/дма/

Фото:  Општина Крива Паланка