• понеделник, 23 декември 2024

Утре истекува рокот за аплицирање за мерката 3 од ИПАРД 2

Утре истекува рокот за аплицирање за мерката 3 од ИПАРД 2
Скопје, 20 септември 2022 (МИА) - До утре, 21 септември, трае рокот за аплицирање за мерката 3 од ИПАРД 2 програмата. Јавниот повик се однесува на финансиска поддршка за инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи. Вкупната поддршка за оваа мерка е зголемена на 5.785.728 евра од кои 75 отсто се обезбедени преку ИПАРД програмата, а 25 проценти од буџетот на Република Северна Македонија. Сите заинтересирани апликанти можат да аплицираат со проекти за набавка на машини и опрема за производство и преработка, како и со проекти кои предвидуваат поставување фотонапонски панели за производство на енергија од сопствени потреби. Прифатливи корисници се сите правни лица кои влегуваат во рангот на микро, мали или средни претпријатија. мч/лв/

Остани поврзан