• вторник, 05 ноември 2024

Утре во Скопје дискусија за заедничко дејствување против климатските промени во соработка со УНДП

Утре во Скопје дискусија за заедничко дејствување против климатските промени во соработка со УНДП

Скопје, 26 ноември 2023 (МИА) - Претседателот Стево Пендаровски утре ќе се обрати на дискусијата насловена „Заедничка иницијатива за климатска акција“, што се одржува во соработка со постојаниот претставник на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) Армен Григорјан,  а во пресрет на претстојниот 28. Самит за климатски промени.

На дискусијата, како што соопшти кабинетот на Пендаровски, ќе учествуваа претставници на граѓански организации и климатски активисти, коишто ќе ги акцентираат прашањата поврзани со климатските предизвици, ќе ги презентираат сработените активности и ќе претстават идеи и можни решенија со цел заедничко дејствување против климатските промени. дма/

Фото:МИА архива

Остани поврзан