• понеделник, 23 декември 2024

Утре во Куманово ќе се изврши дезинсекција против крлежи во Куманово 

Утре во Куманово ќе се изврши дезинсекција против крлежи во Куманово 

Куманово, 29 мај 2024 (МИА) - Утре ќе се изврши прва дезинсекција за годинава на подрачјето на општина Куманово. Од Општина Куманово информираат дека првата дезинсекција против крлежи ќе се спроведе во периодот од 05 до 08 часот утрото. Утре ќе се третираат и површини против ларви од комарци во периодот од 08 до 10 часот.

-Со дезинсекцијата против крлежи ќе бидат опфатени јавните зелени и цветни површини во градот, со акцент на зеленилото покрај градскиот кеј, јавните институции и установи, плоштадот и градските паркови. Третираните површини ќе бидат видно одбележани. Не се препорачува подолг престој на површините, како за луѓе така и за животните, особено непосредно по извршување на третманот. Истиот ден во период од 08 – 10 часот, предвидено е спроведување на ларвицидна дезинсекција, која има за цел уништување на ларвите од комарци, информираат од општината.

Посочуваат дека доколку временските услови нема да бидат поволни за извршување на третманите за дезинсекција, тогаш третманите ќе бидат одложени, кога временските услови ќе бидат поволни.

Кумановци реагираа дека доцни постапката за прскање и третирање против комарци. Екипите на „Чистота и Зеленило“ косеа на различни локации ама кумановци укажуваа дека тревата е висока, а наизменичните топли и врнежливи денови, дополнително ги зголемуваат можностите од наезда на комарци и други инсекти.

Општината, како што информираа од Одделението за јавни набавки, склучи договор со „Плант медика“ за услуги за запрашување против инсекти, дезинсекција, дератизација против крлежи, лебарки, комарци и глодари, 796.500 денари со вклучен данок. На посебен тендер е склучен договор со „Бониер“ за авионско прскање против комарци речиси два милиони денари со данок. ам/фф/

Фото: МИА  

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан