Утре без вода дел од булеварот „Јане Сандански“
- РЦУК Скопје соопшти дека прекинот со водоснабдувањето ќе биде од 9:00 часот до завршување со работните активности.
Скопје, 16 септември 2024 (МИА) - Поради промена на линиски затворач (шибер) од ф 150мм на булевар „Јане Сандански“ бб, утре прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од бул.„Јане Сандански“ од бр.50 до бр.118 во општина Аеродром.
РЦУК Скопје соопшти дека прекинот со водоснабдувањето ќе биде од 9:00 часот до завршување со работните активности. дма/
Фото: МИА архива