• сабота, 21 декември 2024

Уставниот суд отвори 15 предмети по сопствена иницијатива, во фокус работата на повеќе општини

Уставниот суд отвори 15 предмети по сопствена иницијатива, во фокус работата на повеќе општини

Скопје, 27 март 2024 (МИА) - Уставниот суд денеска ќе ја одржи 10. Седница на која е предвидено да се дискутира за 15 предмети кои Судот ги оформил по сопствена иницијатива, а се однесуваат на одредби од деловниците за работа на 15 општини. 

Како што информираат од Уставен, овие предмети ги оформиле поради индиции дека општините излегле надвор од надлежностите преку доделување на можност Советите да даваат автентично толкување на одлуките кои самите ги донесуваат. 

- Пред Судот ќе се дискутираат одредби од деловниците за работа на општините Крушево, Пласница, Крива Паланка, Гостивар, Кичево, Кавадарци, Струмица, Богданци, Боговиње, Желино, Арачиново, Дебрца, Општина Конче, Општина Петровец, Општина Сарај, стои во соопштението од Уставен.

Предвидено е гласање и советување за шест предмети, односно донесување на конечни одлуки по предмети за кои Судот веќе дискутирал. 

Предлози за одлучување: 

1. Член 6 став 4 од Законот за даноците на имот.

2. Правилникот за формата и содржината на лиценцата за изработка на рударски проекти за површинска и подземна експлоатација, преработка на минерални суровини и други рударски проекти од областа на рударството.

3. Правилникот за формата и содржината на барањето за остварување на ослободувањето од данок на додадена вредност, увозни давачки и акциза на енергенти и данок на моторни возила за патнички автомобили и потребната документација која треба да се достави кон барањето, заведен под бр. 20-5359/7 од 30 декември 2022 година објавен во „Службен весник на Република Северна Македонија“ број 5/2023 од 11.01.2023 година.

4. Член 3 став 1 точка 2) во делот „најмногу до 65 годишна возраст” од Законот за финансиска поддршка на социјално ранливи категории на граѓани.

5. Точка 9. Автентично толкување на општи акти и членовите 116, 117, 118 и 119, содржани во поглавјето VIII.Постапка за донесување на општите акти од Деловникот на Советот на Општина Бутел, број 07-364 од 19.07.2005 година.

6. Член 15 алинеја 3 од Деловникот на Советот на Општина Струга, број 08-1535/3 од 16.04.2018 година. ар/цр/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан