• сабота, 22 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Гори крајречна трска во атарот на пелагониските села Брод и Гнеотино

Гори крајречна трска во атарот на пелагониските села Брод и Гнеотино

Битола, 20 март 2025 (МИА) - По течението на реката Црна во атарот на пелагониските села Брод-Гнеотино гори трска висока и до три метри, изјави за МИА, Горан Димкоски, командир на Територијалата против пожарна единица-Битола. Димкоски информира дека трската е запалена од околното стрниште кое доцна попладнето го изгаснаа екипи на ТППЕ-Битола и нема опасност по населените места кои се на поголема оддалеченост.

Огнот е видлив од општините Новаци и Битола, но нема никаква опасност, изјавија од ТППЕ-Битола, чии екипи се на терен.мт/лв/

фото:МИА архива 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан