• вторник, 01 октомври 2024

УСС УКИМ: Ориентациски денови на УКИМ

УСС УКИМ: Ориентациски денови на УКИМ

1 октомври 2024 

Универзитетското студентско собрание при УКИМ, во соработка со Факултетските студентски собранија, на неколку факултети успешно организира воведни ориентациски денови со цел новозапишаните студенти да се упатат во светот на студиите и да се запознаат со дел од професорите и со нивните постари колеги.

Идејата која започна на ФИНКИ пред 3 години, од страна на Александар Ристоски, студент на ФИНКИ, со помош од негова колешка која има студирано во странство - Матеа Коцевска, денес е реализирана од студенти на повеќето Факултетски студентски собранија. Бруцошите во големи броеви ги наполнија амфитеатрите и предавалните уште пред почетокот на нивните студии - доказ дека студентскиот дух бујно тече низ нашата младина. Се надеваме дека оваа пракса на ориентациски денови ќе стане традиција кај нас, а и дека ќе се прошири на други универзитети низ нашата држава. 

Факултетите на коишто се одржаа ваквите денови се ФЕИТ, ФИНКИ, Филолошки факултет, Економски факултет, Правен факултет и Медицински факултет, а дополнително и останатите факултети ќе одржат слични ориентациски денови во текот на месецот.

Во прилог се прикачени слики од деновите. 

Исто така, чест и задоволство ни претставува да ве поканиме на свечениот Прв академски час што ќе се одржи на Платото на општествен кампус, на 1.10.2024 од 10:00 часот наутро. Истиот ден е подготвена и вечерна програма, на иста локација од 20:30 часот. 


УСС УКИМ

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан