Уралоглу: Турција има за цел да постигне договор за поморско разграничување со Сирија по формирањето на постојана влада во Дамаск
- Турција има за цел да постигне договор за поморско разграничување со Сирија по формирањето на постојана влада во Дамаск, изјави денеска турскиот министер за транспорт Абдулкадир Уралоглу.
Анкара, 24 декември 2024 (МИА) - Турција има за цел да постигне договор за поморско разграничување со Сирија по формирањето на постојана влада во Дамаск, изјави денеска турскиот министер за транспорт Абдулкадир Уралоглу.
Тој додаде дека Турција планира да започне преговори со новата сириска администрација за евентуален договор за поморско разграничување.
„Потребно е прво таму да се воспостави власт. Сето ова ќе биде на нашиот дневен ред, но тешко е да се каже - на денешната агенда“, рече Уралоглу.
Тој посочи дека договорот за поморско разграничување ќе биде во согласност со меѓународното право и ќе доведе до тоа Сирија и Турција да ги одредат овластувањата за истражување на нафта и јаглеводороди.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган минатата недела изјави дека Анкара ќе ги подобри односите со Дамаск, особено во областа на трговијата, енергијата и одбраната. рп/
Фото: ЕПА