• петок, 16 август 2024

Ураганот Ернесто предизвика прекин на електричната енергија на Порторико

Ураганот Ернесто предизвика прекин на електричната енергија на Порторико

Сан Хуан, 15 август 2024 (МИА) – Речиси половина население на Порторико е без електрична енергија поради обилните дождови предизвикани од ураганот Ернесто.

Ернесто, што вчера од бура прерасна во ураган, се движи кон Бермуди со брзина од 26 километри на час, со максимална брзина на ветерот од 140 километри на час.

Ернесто е ураган од прва категорија и постепено се засилува, а утре би можел да стане ураган од трета категорија. Неговиот центар се очекува да помине во близина на Бермуди в сабота. Се предвидуваат обилни врнежи од дожд. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан