• сабота, 21 декември 2024

Управата за јавни приходи од денеска до 25 јули очекува 40.509 пријави за ДДВ

Управата за јавни приходи од денеска до 25 јули очекува  40.509 пријави за ДДВ

Скопје, 4 јули 2024 

Почитувани ДДВ обврзници, дали започнавте со поднесување на образецот ДДВ – 04?

Ве повикуваме, да ги искористите  следните бенефити од раното поднесување на ДДВ – 04 пријавата:

Дознајте порано дали вашата пријава е примена, и обработена без грешки.
Навремено испланирајте го Вашиот буџет за исполнување на даночните обврски.
Добијте го порано бараниот ДДВ. Рокот од 30 дена за враќање на ДДВ почнува да тече од денот кога сте го доставиле образецот со искажаното барање за враќање.
Избегнете го стресот од пријавување и плаќање на обврската за ДДВ во последен момент.
Спокојно користете го месецот на годишни одмори.

 

Управа за јавни приходи

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан