• понеделник, 23 декември 2024

УНИЦЕФ: Милиони деца во Пакистан имаат потреба од помош по поплавите во 2022 година

УНИЦЕФ: Милиони деца во Пакистан имаат потреба од помош по поплавите во 2022 година

Исламабад, 25 август 2023 (МИА) - Милиони деца во Пакистан сè уште имаат потреба од хуманитарна помош една година по рекордните поплави во земјата, соопшти Детскиот фонд на ОН (УНИЦЕФ), пренесе ДПА.

На повеќе од 1,5 милиона малолетници во регионите погодени од поплавите имаат потреба од животно спасувачки нутритивни интервенции, соопшти денеска организацијата. 

Околу четири милиони деца немаат пристап до чиста вода за пиење, се наведува во извештајот на УНИЦЕФ.

-Ранливите деца кои живеат во подрачјата погодени од поплавите издржаа ужасна година, изјави Абдула Фадил, претставник на УНИЦЕФ во Пакистан.

„Продолжуваат напорите за закрепнување, но многумина остануваат недостапни, а децата во Пакистан се под ризик да бидат заборавени“.

УНИСЕФ, додава ДПА, исто така, предупреди на недостаток на средства за хуманитарните напори.

Во летото 2022 година, Пакистан претрпе рекордни поплави кои на моменти потопија третина од земјата, убивајќи повеќе од 1.700 лица, покажуваат официјалните податоци. По поплавите следуваше хуманитарна криза. 

Според извештајот на Светската банка, од поплавите беа зафатени околу 33 милиони лица во оваајужноазиска земја.

Со оглед на сезоната на монсуните, Пакистан се подготвува за нови поплави, меѓутоа, годинава, метеоролошката служба очекува помалку дожд отколку во 2022 година, пренесува германската агенција. сд/

Остани поврзан