• сабота, 21 декември 2024

УНИФИЛ била информирана за планираниот израелски упад во Либан

УНИФИЛ била информирана за планираниот израелски упад во Либан

Бејрут, 1 октомври 2024 (МИА) – Мировната мисија на Обединети нации во Либан (УНИФИЛ) денеска соопшти дека била информирана од израелската армија за намерата да изведе ограничена копнена офанзива.

И покрај новиот развој на настани во Либан членовите на мировната мисија ќе останат на своите позиции, се наведува во соопштението на УНИФИЛ.

Мисијата упати апел до сите учесници во судирот да се воздржат од акција што може да доведе до ескалација на ситуацијата.

Секој упад во Либан е кршење на либанскиот суверенитет и територијален интегритет и кршење на Резолуцијата 1701 (на Советот за безбедност на ОН), истакнува УНИФИЛ.

Резолуцијата 1701 на СБ на ОН стави крај на војната помеѓу Хезболах и Израел во 2006 година и предвидува целосно повлекување на Израел од јужен Либан, како и присуство само на либанските вооружени сили и на УНИФИЛ јужно од реката Литани. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан