• петок, 22 ноември 2024

Украл авионче, па го оставил превртено на плажа

Украл авионче, па го оставил превртено на плажа

Лос Анџелес, 14 февруари 2024 (МИА) - Маж е осомничен дека украл мал авион од аеродром близу Сан Франциско, САД, а потоа го оставил превртен на плажа во заливот Халф Мун.

Луиз Густаво Аирес (50) вчера беше обвинет за кражба на авионот и се изјасни невин на сослушувањето коешто доби неочекуван пресврт кога тој побара да се застапува себеси... Судијата го одби барањето, појаснувајќи дека обвинетиот не е квалификуван да дејствува како свој адвокат. Аирес е притворен со кауција од 10.000 долари. Тој, исто така, се соочува со три прекршочни пријави за поседување туѓа идентификација, откако властите пронашле кредитни картички и документи со имиња на три други лица во неговиот ранец.

Кога полицајците пристигнале кај заливот, јужно од Сан Франциско, го нашле едномоторниот авион превртен наопаку, но неоштетен и празен.

Тие набрзо го пронајдоа и приведоа 50-годишниот жител на Мајами, кој одговараше на описот. Според Федералната управа за авијација нa САД, авионот е регистриран на инструктор по летање.  си/

Фото: МИА архива

Остани поврзан