Украински дрон погоди складиште за нафта во Белгород
- Пожар избувна во руско складиште за нафта во Белгородската областа откако беше погодено со украински дрон
Москва, 12 ноември 2024 (МИА) – Пожар избувна во руско складиште за нафта во Белгородската областа откако беше погодено со украински дрон.
Гувернерот Вјачеслав Гладков на Телеграм објави дека се запалил еден од резервоарите во складиштето лоцирано во областа Старкоосколски во близина на границата со Украина.
Тој додаде дека на терен се десет противпожарни екипи.
Во меѓувреме, руското Министерство за одбрана соопшти дека во текот на ноќта соборени се 13 украински беспилотни летала. ми/
фото: МИА архива