• среда, 04 декември 2024

Портокалов метео аларм во Шпанија, повторно се очекуваат обилни дождови

Портокалов метео аларм во Шпанија, повторно се очекуваат обилни дождови

Мадрид, 12 ноември 2024 (МИА) - Две недели по разорните поплави во источна Шпанија, метеоролошките служби ги предупредија граѓаните да бидат внимателни, бидејќи повторно се очекуваат нови катастрофи со доаѓање обилни врнежи и ниски температури.

Источниот и јужниот дел на Медитеранот повторно се најзагрозени, а шпанската метеоролошка агенција Аемет од денеска до четврток издаде портокалово предупредување за делови од регионите Валенсија, Каталонија и Андалузија, како и за Балеарските острови, јави Би-Би-Си.

Аемет предупредува на дождови и бури кои би можеле да бидат многу силни. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан