• среда, 14 август 2024

Украина соборила 17, а Русија 117 дронови

Украина соборила 17, а Русија 117 дронови

Киев, 14 август 2024 (МИА) – Украина синоќа соборила 17 од вкупно 23 беспилотни летала истрелани од Русија. Руските сили истрелале и две наведувачки ракети Х-59/69.

Руските дронови предизвикале штета на инфраструктурата во Черниговската и Житомирската област.

Во меѓувреме, Русија соопшти дека синоќа соборила 117 украински дронови и четири тактички ракети истрелани од Украина.

Ракетите и 37 беспилотни летала биле уништени над Курската област, а исто толкав број дронови се соборени над Воронежката област.

И во Русија, како и во Украина нема пријавено човечки жртви. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан