Уапсен 73-годишен од Крушево, во неговиот дом пронјадени оружје и дрога
- Претрес во прилепско, пронајдени дрога и оружје
Скопје, 17 април 2024 (МИА) -Уапсен 73-годишен крушевчанец во чиј дом полициски службеници завчера пронашле оружје и дрога. Тој бил приведен во полициската станица Прилеп и против него ќе бидат поднесени соодветни пријави, информираат од МВР.
- На 15.04.2024, полициски службеници од ОВР Крушево го лишиле од слобода крушевчанецот В.Ц.(73). При претрес во неговиот дом во с.Кошино, општина Долнени, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени при што одземени пиштол, рамка со куршуми, марихуана, грутчеста материја, пари во различни апоени и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривични дела, соопштуваат од полицијата.
Лицето било приведено во Полициската станица Прилеп и по целосно документирање на случајот, против него ќе следуваат соодветни пријави. ир/са
Фото: МИА архива