• понеделник, 23 декември 2024

Уапсени и парично казнети двајца туристи поради палење оган на плажа на грчкиот остров Антипаксос

Уапсени и парично казнети двајца туристи поради палење оган на плажа на грчкиот остров Антипаксос

Атина, 22 август 2024 (МИА) – Казна од 2.250 евра ќе треба да платат двајцата странски државјани, кои денеска беа уапсени од истражни службеници на противпожарната служба на Грција поради палење оган во близина на шума на грчкиот остров Антипаксос, јави дописничката на МИА од Атина.

Од противпожарната служба соопштија дека со палењето оган на плажата во близина на шумско подрачје, го прекршиле законот за заштита од пожари и „на секој од нив му изречена административна казна од 2.250 евра“.

Според грчките медиуми станува збор за италијански државјани кои по апсењето попладнево биле изведени пред суд и добиле ослободителна пресуда, по што, како што објави државната телевизија ЕРТ, двајцата туристи се извиниле објаснувајќи дека не знаеле дека било забрането палење.

Пред два месеци на грчкиот остров Идра беше предизвикан голем шумски пожар од огномет и пиротехнички средства испулани од јахта. ср/сд/

Остани поврзан