• сабота, 13 декември 2025

ТХП нема да учествува на повторените избори во Општина Центар Жупа

ТХП нема да учествува на повторените избори во Општина Центар Жупа

Скопје, 12 декември 2025

Настаните по изборите, за жал, не се во согласност со демократската политичка култура. Процесот се одвиваше во сенка на напори за зачувување на функции и позиции, при што беа забележани практики кои ја нарушуваат демократската конкуренција, се вели во соопштението од Партија за движење на Турците - ТХП што МИА го пренесува интегрално.

Загрижувачка е и состојбата во пресрет на повторените избори закажани за 11 јануари. Наместо избори да се одржуваат во демократска, рамноправна и слободна атмосфера, фактот што кандидатот за градоначалник е истовремено назначен и за повереник, а тоа назначување е направено без јасни и објективни критериуми, туку исклучиво како политичка одлука сериозно ја доведува во прашање легитимноста на целиот процес. Со овој потег се докажува дека личните и партиските интереси се многу побитни од интересите на жителите на Центар Жупа.

Поради овие причини, и водејќи се од демократските принципи, Партијата за движење на Турците (ТХП) не може да прифати воспоставување на едноначелна пракса врз турската заедница, ниту пак фактот што, и покрај тоа што Турците се мнозинство во општината, нивниот глас не е одлучувачки. Како резултат, на заедницата ѝ е ускратено правото да избере градоначалник под еднакви услови.

Затоа, Партијата за движење на Турците (ТХП) објавува дека на 11 јануари нема да учествува на повторените избори во Општина Центар Жупа. Оваа одлука ја донесуваме со цел да ја истакнеме нашата длабока загриженост за демократијата и правдата во нашата држава.

Партија за движење на Турците - ТХП

Фото: Лого

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан