Турција со бродови ќе ги евакуира своите граѓаните од Либан
- Турција планира утре со брод да ги евакуира своите граѓани од Либан, кои поднеле барање да ја напуштат земјата, соопшти турското Министерство за надворешни работи.
Анкара, 8 октомври 2024 (МИА) – Турција планира утре со брод да ги евакуира своите граѓани од Либан, кои поднеле барање да ја напуштат земјата, соопшти турското Министерство за надворешни работи.
Во соопштението се наведува дека денеска се очекува за Бејрут да заминат два брода на турската морнарица со вкупен капацитет од околу 2.000 патници.
Турското министерство додаде дека процесот на евакуација ќе продолжи и во наредните денови доколку биде потребно.
Многу земји почнаа да ги евакуираат своите граѓани од Либан откако израелската армија почна копнена операција во Либан и откако Иран минатата недела изврши ракетен напад врз Израел. јт/